Каде беше Дарија Медведева? Данил има урнебесен одговор и во тешки моменти: Дома е и сигурно го скршила телевизорот

Данил Медведев очекувано беше разочаран по тешкиот пораз од Рафаел Надал, откако во финалето на Австралија опен прокоцка голема предност од 2:0 во сетови, но сепак покажа дека знае да се пошегува и во непријатен момент.

„Прво да му честитам на Рафа за победата. Тоа што го направи е неверојатно. По мечот го прашав дали е уморен? Играше нестварно добро и секоја чест за тоа. Му благодарам и на мојот тим, дадовме сите заедно се од себе. Обично и сопругата Дарија е тука со нас, но сега остана дома. Сигурно го скршила телевизорот од нервоза. Ќе се обидам да бидам подобар следниот пат“, рече Медведев по финалето.

Мечот за титулата беше еден од најдобрите во историјата на тенисот и траеше скоро пет и пол часа, а Данил потклекна, иако водеше со 2:0 во сстови што ги доби со 6:2 и 7:6.

Потоа имаше шанса и за брејк за 4:2 во третиот сет, но прошушти две можности да стаса блиску до победа.

И тој одигра херојски меч, што потполно ги исцрпи и двајцата финалисти. Последната шанса за втора гренслем титула Медведев ја пропушти во решавачкиот сет кога се врати од 3:5 и израмни на 5:5 во гемови.

Но потоа ги загуби следните два за пораз од 6:2, 7:6, 4:6, 4:6, 5:7 од новиот рекордер Рафаел Надал, кој сега е осамен на врвот на вечната листа со 21 гренслем титула, пред Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер со по 20.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести