Кадис е вистинско чудо пред кое поткленкаа големите Реал и Барса

Кадис дефинитивно е едно од најпријатните изненадувања во воведниот дел од шампионатот во Ла Лига.

Екипата која се врати во елитата по 14 години пауза стои високо на табелата по 12 одиграни натпревари, со 18 бода го зазема респектабилното петто место пред екипи како што се Севилја и Барселона.

Повратникот во Примера вчера оствари уште еден голем шок, триумфираше со 2-1 против Барселона, што беше петта победа за тимот од Андалузија во првенството. Кадис забележа само 18% посед на топката против Каталонците, но статистиката е сосема незначајна со оглед на резултатот.

Тимот кој процентуално бележи најслаб посед на топка во топ 5 лигите во Европа, само 36,7%, за помалку од два месеци, односно во првиот дел од сезоната успеа да слави и против големиот Реал Мадрид, а и вчера против големата Барселона, по што Кадис стана првиот тим во историјата на шпанскиот фудбал кој остварил ваков учинок.

Победата над Реал беше остварена со минимални 1-0 среде Мадрид во рамки од шестото коло во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести