Како е можно? Еден даден гол, а освоија 8 бода

Ако мислевте дека Манчестер јунајтед е чудо според бројот на освоени бодови (седум) во Лигата на Европа со толку малку (два) постигнати голови, тогаш што да се каже за португалскиот прволигаш Виторија Сетубал, кој во осум кола има дадено само еден погодок, а собра 8 бода и не е во зоната на испаѓање.

Тимот на тренерот Сандро Мендеш во осумте кола од португалскиот шампионат сезонава, дури петпати одиграа 0-0 и освојуваа по еден бод, а кога Мароканецот Калид Хачади даде гол против Брага, Виторија оствари победа вредна три бода. Поразите им се од Бенфика и Порто. Така, Виторија и само со 1 постигнат гол сезонава, во моментов има дури 8 бода, три повеќе од Фереира, кој е претпоследен и во зоната на испаѓање.

- Оглас -

Најнови вести