Како Курт Зума, Лигата на шампионите на Челзи му ја чува (Видео)

Курт Зума имаше извонредна реакција и беше ладнокрвен во самиот финиш на мечот, а со стартот во последните моменти на дуелот со Кристал палас го спречи Кристијан Бентеке да израмни на 3:3.

Вилфред Заха прекрасно му асистираше на Бентеке, а корпулентниот напаѓач на домаќините имаше зицер за гол и за израмнување на 3:3 во 96-тата минута, но како од земја изникна Зума и му го блокираше ударот.

https://twitter.com/Chelsea_ENG_/status/1280578368128368640?s=20

Кристал палас и во претходниот напад имаше чиста шанса за реми, но Скот Дан со удар со глава ја погоди рамката на голот на Кепа Аризабалага.

Претходно Челзи на двапати имаше предност од два гола на малото лондонско дерби, водеше со 2:0 и со 3:1 со головите на Жиру, Пулишиќ и Абрахам, но Кристал Палас возврати со еврогол на Заха и со погодок на Бентеке, но потоа пропушти две златни шанси за да освои еден бод.

 

- Оглас -

Најнови вести