Како во старите добри времиња, Рони О’Саливен стигна до нов трофеј

Рони О’Саливен, шесткратниот светски првак во снукер, во своите витрини донесе уште еден голем трофеј. Во финалето на Светскиот гран при, О’Саливен со голем пресврт успеа да го победи Нил Робертсон со 10:8.

Робертсон подобро започна и поведе со 2:0, а потоа и со 4:2 во фрејмови. Австралиецот ја задржа предноста до 7:5, а потоа се случи пресвртот. О’Саливен заигра многу подобро и со четири добиени фрејмови во низа, Британецот поведе со 9:7 и не дозволи да ја пропушти шансата прв да стигне до 10.

За О’Саливен ова е втора титула на Светскиот гран при по таа во 2018 година и прва титула по пет загубени финалиња на големите натпреварувања. Ова е прва титула за легендарниот Рони по пауза од 16 месеци, а вкупно 38 титула во кариерата во 59-тото финале.

Робертсон го играше 34-тото финале, а остана на 21 титула. Освен трофејот, О’Саливен заработи и 100.000 фунти, додека на Робертсон му припаднаа 40.000 фунти.

- Оглас -

Најнови вести