Каков цар е Роналдо, си нижe 20-ки во последните 12 сезони (Видео)

Кристијано Роналдо не сопира со головите и вечерва беше стрелец против Специја во победата на Јувентус со 3:0 и стигна до 12-та сезона по ред во која постигнува најмалку 20 погодоци.

Низата ја почна во дебитантската сезона 2009/10 во Реал Мадрид, кога постигна 26 гола и потоа не застана со головите што му се специјалност.

https://twitter.com/SeanGillen9/status/1366865724241833984?s=20

Во девет сезони како играч на Кралскиот клуб секогаш ја минуваше границата од 20 погодоци, а рекорд му се 48 гола во сезоната 2014/15. И сега како член на Јувентус трета сезона по ред е со 20+ погодоци, а моментно е и лидер во Серија А со точно 20 гола, два повеќе од Ромелу Лукаку.

Во низата на многу фудбалски рекорди што ги има Португалецот треба да се спомене и податокот дека со голот против Специја во 89-тата минута стигна до 49-ти гол на последните 50 натпревари во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести