Каква драма: Србија ја победи Германија со гол по истекот на времето

Германија го претрпе вториот пораз на Светското првенство за жени кое се игра во Јапонија и тоа од Србија со 29:28. Дека Србинките се решени да се радуваат на овој меч, покажаа уште во првото полувреме кога имаа предност и од пет гола (12:7), а на полувреме заминаа со два гола позитива (19:17).

Во вториот дел имаше многу помалку погодоци, но многу повеќе драма. Германките за прв пат поведоа со 21:20 и од тогаш до крајот ниту една селекција немаше предност повеќе од еден гол. Во завршницата, Германија влезе со предност од 28:27, но Србија не се предаде. Најпрво израмнија на 28:28, а потоа, буквално во последната секунда беше досуден пенал за Србинките.

Времето за игра на мечот истече, но како што се ракометните правила, остана да се изведе само уште пеналот. Кристина Лишчевиќ погоди за голема радост на Србија, која сега има четири бода и ги задржа шансите за пласман во полуфиналето на Мундијалот.

Денеска во 10 часот играат: Данска – Холандија, а потоа од 12:30 часот се среќаваат Јужна Кореја и Норвешка со што ќе се комплетира 4. коло од Група 1.

 

 

- Оглас -

Најнови вести