Калифорниското дерби ќе припадне на Езерџиите

ЛА лејкерс – Сакраменто кингс (04:30ч, НБА лига)

Последниот дуел од ноќешната програма на НБА лигата носи дерби во пацифичката дивизија. Можеби дуелите меѓу Лејкерс и Кингс во изминатиов период го загубија сјајот, но сега откако Езерџиите повторно се велесила, а Сакраменто е тим во развој, може да се очекува интересна пресметка.

Двете екипи се во идентична форма во пресрет на вечерашниот дуел. Со по четири победи и еден пораз, Лејкерс и Кингс влегуваат со мотив дека може да се одржи победничкиот ритам. Меѓутоа, фаворитската улога ја има тимот од Ел – еј, поради фактот што во составот ги имаат Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, кои се најзаслужни што Лејкерс моментално се најквалитетен тим на Западот.

Шестнаесеткратниот НБА првак ги доби последните три меча против Сакраменто, односно има четири победи во последните пет меѓусебни средби. Затоа ќе ја следиме традицијата и ќе се потрпеме на фаворитите дека ќе ја оправдаат таа улога.

Предлог тип: 1 хен. -9,5 поени (1.77)

 

Оклахома сити тандер – Филаделфија севентисиксерс (02ч, НБА лига)

Оклахома игра доста турбулентно во новата сезона, но на моменти покажува дека има нешто атрактивно во нив во ситуации кога победувале многу поквалитетни екипи. Филаделфија не оствари старт каков што посакуваше. Веќе загуби четири од вкупно 11 меча и покажува знаци на слабост за екипа која се смета меѓу фаворитите од Источната конференција.

Моменталната форма на двата тима е негативна, имаат учинок 2-3, па во обид да се поправи тој учинок двете екипи треба да гризат за победа, а тоа ќе го направи мечот интересен и веројатно со висок број на поени. Во сите пет последни меѓусебни средби двете екипи постигнувале над 100 поени.

Предлог тип: >214,5 поени (1.93)

 

Хјустон рокитс – Индијана пејсерс (02ч, НБА лига)

Брадата како да сака да докаже дека МВП наградата заврши во погрешни раце минатата сезона. Затоа Харден им врши тортура на противниците, па во досегашните 11 меча одржува просек од 38,2 поени по натпревар и моментално е најдобар стрелец во целата лига. Поради тоа што Харден е расположен, Хјустон почна да победува во низа, а во обид да се оствари шестата последователна победа потребно ќе биде уште едно брилијантно издание на незадржливиот Харден.

Хјустон доби четири од последните пет средби против Индијана, која пак исто така е во добра форма и има четири последователни победи.

Предлог тип: 1-1 (1.92)

 

Карл Ентони-Таунс (Минесота тимбервулвс – Вашингтон визардс, 02ч НБА лига)

Извонредниот центар на Минесота е еден од играчите кои редовно го одржуваат просекот на поени. Таунс оваа сезона има просек од 25,8 поени по натпревар, а кога може да биде ефикасен против еднакво добар противник, исто така може да биде ефикасен и кога нема противник по мерка.

Вашингтон нема центар од класата на Таунс, па затоа се очекува блескава партија од ѕвездата на Минесота, и воедно да го повтори учинокот од последната меѓусебна средба во која Волците беа домаќини (40 поени и 16 скока).

Предлог тип: >26,5 поени (1.87)

 

Никола Вучевиќ (Орландо меџик – Сан Антонио спарс, 01ч НБА лига)

Црногорецот просечно постигнува по речиси 18 поени по натпревар, а ноќеска ќе има тешка задача против секогаш незгодните Спарс. Сепак, Вучевиќ ќе има задача дополнително да им го загорчи животот на франшизата од Тексас, која е во лоша мини-серија од три порази.

Вучевиќ не памети добар настап против Сан Антонио. И во ситуации кога неговата екипа победувала, тој не бил меѓу клучните играчи за тоа остварување. Па, можеби токму тој факт ќе му помогне и мотивира за ноќеска да блесне.

Предлог тип: >18,5 поени (1.87)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести