Канадската пливачка Самер Мекинтош постави нов светски рекорд на 400 метри слободно за време на националните квалификации за настап на Светско првенство.
Мекинтош, која е светска вицешампионка во оваа дисциплина, синоќа во Торонто, оваа делница ја исплива за време од 3:56,08 минути и за 32 стотитки го собори рекордот на австралиската пливачка Аријарна Титмус.
„Искрено, не мислев дека е возможно да го соборам светскиот рекорд, но никогаш не се знае. Му благодарам на тренерот и на сите кои ми помогнаа да дојдам до ова што сум денеска“, изјави Мекинтош, која има само 16 години.
During the first day of the 2023 Canadian Team Trials in Toronto, 16-year-old Summer McIntosh broke the world record in the women’s 400 freestyle. McIntosh swam 3:56.08 to knock over three-tenths off the old world record by Ariarne Titmus. pic.twitter.com/Hw8i3ke5dx
— Swimming Stats (@SwimmingStats) March 29, 2023
На Светското првенство што се одржа во Будимпешта минатата година Мекинтош освои два златни медали, на 200 метри пеперутка и на 400 метри мешано.
На националните квалификации се очекува таа да го потврди настапот на СП и во дисциплините 200 метри мешано, 200 метри пеперутка, 200 метри слободно како и на 400 метри мешано.
Светското првенство во пливање треба да се одржи од 14 до 30 јули во Фукуока, Јапонија.