Кантер реагира на ангажманот на Олдриџ во Бруклин: Кој е следен? Исус Христос?

Бруклин нетс со ангажманот на Ламаркус Олдриџ и дефинитивно е најголем кандидат за титулата во НБА лигата. Мрежичките со ексцентарот на Портланд и Сан Антонио направи Ол-стар петорка, откако претходно го доведоа Блејк Грифин, а во ростерот веќе се Дурант, Ирвинг и Харден.

Јавноста реагираше по потписот на Олдриџ кој доби ветерански договор и ќе игра за франшизата од Њујорк до крајот на сезоната, а највабележлива реакција имаше членот на Портланд, Енес Кантер.

„Кој е следен што ќе го потпишат? Танос? Исус Христос?“, се огласи турскиот центар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести