Карачиќ откри што се случувало во соблекувалната на Хрватска

Игор Карачиќ со своите игри беше еден од најзаслужните што Хрватска стигна до финалето на ЕП. Сепак, во клучните моменти, кога се решаваше за тоа која селекција ќе стигне до златото, Карачиќ направи чекори, Хрватите ја изгубија топката, а Шпанија во следниот напад го даде решавачкиот гол за титулата.

По завршување на дуелот, хрватските ракометари беа многу разочарани, а Карачиќ призна дека сите плачеле.

„Сите плачевме. Ни јас самиот не знам како го загубивме овој меч. Толку многу го чекавме ова злато и пак ништо“, рече Карачиќ.

Селекторот на Хрватска, Лино Червар, на последниот тајм-аут како еден од виновниците за одземената топка по направените чекори на Карачиќ ги обвини македонските судии. Прочитајте што рече Червар на тој тајм-аут.

- Оглас -

Најнови вести