Карачиќ: Овој меч ме потсети на Вардар во Лигата на шампиони!

Хрватска на фантастичен начин успеа да се врати од негативата од пет гола против Германија и на крајот да победи. Игор Карачиќ го даде победничкиот погодок за Коцкестите. Некогашниот миленик на вардаровата публика оваа победа во хрватскиот дрес го потсети токму на неверојатните победи на Вардар во Лигата на шампиони.

„Многу тежок меч. Горд сум на сите играчи. Воопшто не е лесно да се игра. Во првиот дел имавме преголема желба да се докажеме и брзавме во завршницата. Не смееве да одиграме на тој начин. Договорот на полувремето беше дека мора да издржиме во следните 30 минути. Покажавме карактер. Овој меч ме потсети на Вардар во Лигата на шампиони. Морате да верувате во нешто и тоа нешто ќе се случи. Среќни сме што се изборивме за место во полуфиналето“, рече Карачиќ кој даде седум гола против Германија.

 

- Оглас -

Најнови вести