Казахстанецот кој со два гола спречи победа на Украина и стана херој, бил допингуван

Казахстанскиот фудбалер Руслан Валиулин, имал позитивен допинг-тест, па иако во неговата репрезентација не знаеле дека тој земал недозволени стимулативни средства, ФИФА може да им изрече казна. Валиулин играше баш како допингуван на средбата со Украина на 1 септември, кога со два гола ги шокира Украинците и на Казахстан му донесе бод со гол во 96-тата минута.

Валиулин игра за клубот Тобол. Во средината на август, по мечот на Тобол со Жилина во квалификациите од Конференциската лига, клубот добил наод дека нивниот член е позитивен. Но, тој наод Тобол го испратил до Федерацијата дури на 2 септември, ден по мечот на Казахстан со Украина, на кој токму Валиулин беше јунак на домашните.

Од Фудбалската федерација на Казахстан се бранат дека не знаеле дека репрезентативецот е допингуван за време на дуелот со Украина, па не го ставија во составот на следните два меча со Финска и БиХ, и тоа поради мускулна повреда. Валиулин инсистира дека паднал на тестот поради користење витамини.

Според правилата на ФИФА, еден случај на допингуван играч во екипа не е доволен за одземање бодови, па изгледа Украинците нема да добијат победа на зелена маса.

- Оглас -

Најнови вести