Ќе биде напнато на Хунгароринг, битката за пол-позиција ќе се вози како во финска сауна

После контроверзната трка во британски Силверстоун, каде Луис Хамилтон победи на свој терен откако го исфрли од патеката својот ривал Макс Ферстапен, во екипата на Ред Бул се наострени за реванш во Будимпешта, на патеката Хунгароринг каде што попладнево се возат квалификациите. Битката за пол-позицијата во Унгарија е многу важна, и затоа не е сеедно кој утре ќе стартува прв.

Фаворити за пол-позицијата се кандидатите за титула, Хамилтон и Ферстапен, а шанса од позадина ќе чекаат Валтери Ботас од Мерцедес и двата пилоти на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинс.

Финецот Ботас изјави дека на Хунгароринг е топло како во финска сауна. На слободните тренинзи, температурата на патеката беше 49 степени, а за време на квалификациите, веројатно ќе биде уште потопло. Внатре во кокпитот на болидите, пилотите се „варат“ на 70 степени. Прегревањето на гумите може да биде еден од проблемите на трката, но тоа е утре, прво денеска да се види кој ќе биде на пол-позиција. Ако имате свој фаворит, може да се обложите на него во Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести