Ќе дочекаме ли да ги видиме Роналдо и Меси во еден ист тим – Португалецот сака трансфер во Париз

Кристијано Роналдо и Лионел Меси, без сомнение, ќе заминат како едни од најдобрите фудбалери во историјата, а сон на сите фанови е да ги видат двајцата во еден ист тим.

Португалецот не е задоволен со ситуацијата во Манчестер јунајтед и наводно посакува да си замине од тимот и е спремен да „исфорсира“ трансфер во Пари Сен Жермен.

Дека не е добра ситуацијата во Манчестер, доказ за тоа се последните случувања, каде што Роналдо одби да биде дел од екипата на мечот против Манчестер сити, по што си заминал во Португалија.

Останува да се види дали се заинтересирани ова да го направат од ПСЖ, а според финансиите коишто ги има овој тим, тоа не би требало да претставува проблем.

- Оглас -

Најнови вести