Ќе има ново дерби на Италија – Интер и Јувентус овојпат ќе водат битка за куп-трофејот

Со победата од 2:0 над Фиорентина, тимот на Јувентус се палсира во финалето на Копа Италија. Со вкупни 3:0, Старата дама закажа нов меч против Интер, кој вчера лесно и убедливо со 3:0 го совлада Милан.

Федерико Бернардески во 32-рата минута и Данило во 94-та минута донесоа голема радост на „Алијанц арената“ за ново големо финале и борба за трофеј.

На „Олимпико“ во Рим, двата великани ќе се соочат на 11 мај во 21 часот, по што ќе се знае првиот освојувач на трофеј во Италија.

- Оглас -

Најнови вести