Кер: Вакво судење доживеав првпат во кариерата!

Голден стејт вориорс го загуби дуелот против Минесота на контроверзен начина по мечот своите импресии од натпреварот ги истакна и тренерот на актуелниот шампион, Стив Кер. Предводникот на Воините вели дека никогаш во неговата играчка, а и тренерска кариера не доживеал вакво судење.

Коментарот на Кер е за спорната ситуација во која судиите доделија слободни фрлања за Ентони – Таунс на 0,5 секунди до крајот и им овозможи на Минесота да дојдат до победата, иако фаулот беше досусен во „мртво време“, односно ниту еден играч не ја допре топката при изведување на нападот на домаќините.

„Никогаш претходно не сум посведочил на вакво судење. Како може да се досуди фаул при лоб-пас кој оди 10 метри над играчот и не ја прифаќа топката? Навистина сум разочаран од судењето“, истакна Кер по мечот.

Погледнете го спорниот момент во следниот видео-прилог и проценете дали овој фаул е регуларно досуден.

- Оглас -

Најнови вести