На Њукасл му се случува „Кец во два“ – Морис понуди 350 милиони фунти, 50 повеќе од принцот Салман

Хенри Морис, медиумскиот могул од САД, испратил и официјална понуда од 350 милиони фунти за да ја преземе сопственоста на премиерлигашот Њукасл.

Тоа е за 50 милиони фунти повеќе од стартната понуда што дојде од принцот Мохамед бин Салман, но сега се случува голем пресврт, најмногу и благодарение на противниците на принцот, но и на начинот на владеење во Саудиска Арабија.

Најпрво, против најавеното преземање на Њукасл од Салман се побунија неколку групи за човекови права, меѓу кои и Хелсиншкиот комитет. Потоа се приклучи и вереницата на убиениот новинар Кашоги, кој настрада во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, а отпорот порасна и со истрагата што ја почна Светската трговска организација.

Катарците од „Бејн спорт“ ја обвинија Саудиска Арабија за пиратерија, а работата стигна и до највиско ниво, до СТО, па сега Салман веќе не е топ-фаворит за да биде нов газда.

Моментно и понудата на Морис до Мајк Ешли за да му го продаде Њукасл е подобра од таа на Салман. Сепак, принцот сè уште чека зелено светло од челниците на Премиер лигата за да биде нов сопственик на популарните Чавки. Но сега има и сериозна конкуренција со официјална понуда од Морис, која е подобра за 50 милиони фунти и многу проблеми, пред сè од политичка природа.

 

- Оглас -

Најнови вести