Кирјос кршеше рекет, го нарече судијата „компир“, а потоа призна дека има психички проблеми (Видео)

Речиси и да не помине меч на Ник Кирјос, а австралискиот тенисер да не направи испад. Така беше и на последниот дуел на Кирјос, кој го доби со 6:4, 7:6 (5) против Жил Симон, за пласман во осминафиналето на АТП турнирот во Вашингтон. Кирјос одигра одлично и на крајот заврши со 24 аса, што беше еден од неговите главни адути за победа.

И покрај добрата игра, сепак главниот момент на мечот не беше од спортски карактер. Во вториот сет, Кирјос загуби гем на свој сервис и целосно збесна. По загубениот поен, тој го фрли рекетот на земја и го скрши. Тоа што рекетот веќе беше скршен, воопшто не му беше проблем на Кирјос да го удри силно од земја уште два пати, а на крајот да му го подари на едно дете од публиката.

Освен тој испад, Кирјос по завршување на мечот одби да се поздрави со судијата, бидејќи имаше неколку забелешки на арбитарот. Во расправијата, тенисерот го нарекол судијата дека е „компир со раце и нозе“. Откако малку ги смири страстите, Кирјос на пресконференцијата призна дека има психички проблеми.

„Во последно време не играв многу често тенис. Имав некои психички проблеми, но пресреќен сум дека победив денеска. Играм многу добро и задоволен сум од тенисот кој го покажувам“, рече Кирјос, кој ноќеска за следен противник на турнирот во Вашингтон, го има Нишијока.

Кирјос во изминатиов период беш популарен по изјавите против Новак Ѓоковиќ, а во една ситуација, Австралијаецот со маркер уништи една маичка на фан кој побара автограм од Ник, а на маицата стоеше името на моментно најдобриот тенисер во светот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести