Кирјос ликува: Ова на Новак е поголема глупост од сите мои глупости

Веста дека Новак Ѓоковиќ е позитивен на корона-вирусот со задоволство ја примија сите „хејтери“ на најдобриот светски тенисер, а еден од најпознатите е неговиот австралиски колега Ник Кирјос. За Кирјос, организацијата на турнирот „Адрија“ била кретенска идеја, а денеска тој се огласи со уште пожестока критика.

„Моите молитви се со сите играчи кои се заразени. Немојте веќе да ме прозивате и критикувате за моите постапки кои се прогласени за неодговорни или глупави. Ова што сега се случи нема никаква конкуренција“, напиша Кирјос и закачи видео во кое Ѓоковиќ, Димитров, Ќориќ и останатите се однесуваат премногу релаксирано по ноќни клубови во Белград.

Егзибицискиот турнир заврши предвреме, а финалето во Задар не се одигра поради тоа што Григор Димитров бил позитивен. Димитров играше и веројатно знаел дека нешто не е во ред со него, но се жалеше на силно сонце.

- Оглас -

Најнови вести