Клоп: Да не беше пеналот, ќе загубевме со 0-1

Ливерпул го загуби градското дерби против Евертон со 0-2, што за англискиот првак беше четврти последователен пораз на домашен терен во Премиер лигата, со кој Црвените израмнија сопствен негативен рекорд од 1923 година.

Јирген Клоп прифати дека поразот беше заслужен со оглед на тоа дека ја критикуваше реакцијата на својата одбрана при првиот гол на Карамелите, но имаше и коментар за своите напаѓачи кои вечерва не беа на потребното ниво.

„При првиот гол мораше да се браниме подобро, тоа го однесе мечот во сосема друг правец. Иако бевме креативни во нападите, истите не ги завршувавме како што треба, односно ни недостасуваше концентрација во клучни моменти. Евертон ни остави простор да се заканиме, иако се бранеше добро и со многу страст поради значењето на мечот. Во второто полувреме тргнавме по израмнување со сменета формација, Мане пропушти две шанси, мислам дека и Фирмино исто така во шестнаесетникот, а и Пикфорд бранеше на високо ниво. Да не беше пеналот, ќе загубевме со 1-0, така што тоа не беше решавачки момент“, истакна Клоп.

Капитенот Хендерсон се здоби со повреда во текот на дербито и предвреме мораше да го напушти теренот, а според Клоп, прогнозите се дека повредата е сериозна, што е дополнителен проблем за Ливепрул со оглед на бројните повреди на првотимци како Ван Дајк, Матип, Фабињо, Жота, Милнер.

По 25 натпревари, Ливерпул стои на шестото место на табелата со 40 бода, дури 16 помалку од лидерот Манчестер сити, по што актуелниот првак може да потпише капитулација во обидот да ја одбрани титулата во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести