Клоп ги загуби нервите: Злосторство е ова што го правите

Без да упати ниту еден удар во текот на целиот меч, Ливерпул на својот „Енфилд роуд“ синоќа загуби од Аталанта со 0:2 во меч од Лигата на шампиони. И покрај поразот, тренерот на англискиот првак Јирген Клоп беше лут поради распоредот кој го има неговиот тим во првенството на Англија.

„Каков е овој распоред. Сега треба да играме во сабота од 13:30 часот на гости кај Брајтон. Тоа може да се нарече злосторство. Да, злосторство. Ова нема никаква врска со поразот од Аталанта, но му честитам на оној што донесе таква одлука. Во овој момент најважно ми е да немам повредени играчи. Моите фудбалери се целосно фрустрирани и разочарани. Само што завршивме еден меч, ние треба да се подготвуваме за друг натпревар“, нервозно коментираше Клоп по поразот од Аталанта.

Ова не е првпат Клоп да биде лут на оние кои го прават распоредот за мечевите во англиското првенство. Германскиот стратег распали и по мечот со Лестер што заврши во корист на Ливерпул од 3:0.

 

- Оглас -

Најнови вести