Кој очекуваше полувреме без голови? Реал и Манчестер сити се испукаа во Англија

Реал Мадрид и Манчестер сити не постигнаа гол во првото полувреме на „Сантијаго Бернабеу“ во реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите, што е сосема различно сценарио од првиот меч, на кој имаше дури 7 гола и заврши со победа на англискиот шампион со 4:3.

Токму ваквиот расплет му одговара на Манчестер сити и англискиот првак е на едно полувреме до второ финале по ред во ЛШ, сега евентуалното против Ливерпул на 28 мај во Париз.

На Реал му треба победа макар од еден гол разлика за продолженија, а веќе е познато дека правилото за „гол повеќе на гостински терен“ веќе не важи.

Тоа значи дека ако Сити успее да остане непоразен, ќе има англиско финале во Париз, како и лани, кога Челзи го победи Сити со 1:0 и ја освои титулата.

За да ја разбие англиската доминација, на Реал му треба победа од два или повеќе голови разлика, а со минимална победа би се играле продолженија, а ако нема промена во дополнителните 30 минути, би се изведувале пенали.

 

 

- Оглас -

Најнови вести