Комити со акција за вардаровата легенда: Донирај за Муто!

Легендарниот голман на Вардар, Драган Мутибариќ, веќе 20-тина дена се соочува со најголемиот предизвик во животот. Популарниот Муто претрпе мозочен удар поради кој остана делумно неподвижен и едноставно сега му е потребна помош за да успее да го преброди овој здравствен предизвик.

Мутибариќ јавно побара помош од секој што може да му помогне за да собере средства за лекување, а навивачката група на Вардар, популарните Комити, веднаш реагираа. Комити покренаа хуманитарна акција за помош на легендарниот Пантер, наречена „Донирај за Муто“.

„Никој во историјата не го чувал голот на Вардар како Пантерот – Драган Мутибариќ: 🥅461 настапи во дресот на Вардар
⚽️256 првенствени (1966 – 1975; 1979 – 1984),
🥇Прво место во листата на голманите со најмногу настапи
✔четвртото место на вечната листа на фудбалери на Вардар со најмногу настапи во клубската историја…
⏩По завршувањето на професионалната кариера останува во клубот како Тренер на голманите на ФК Вардар од 1995 до 2006-та.
🎖5 настапи за младата селекција на СФРЈ
🏅10 за А селекцијата на екс Југославија
🎯 4 пати по ред прогласуван за најдобар спортист на Македонија.
🔴⚫Единствен голман и играч во историјата кој покрај Вардар настапувал и за братските Тетекс Тетово 1984 – 88 и Шалке 04 од Гелзенкирхен 1975 -76🔵⚪

ДОНИРАЈ ЗА МУТО“, стои во објавата на Комити на нивната фејсбук страна.

 

- Оглас -

Најнови вести