КОНМЕБОЛ го суспендираше и Габриел Жесус

Јужноамериканската куќа на фудбалот ја одреди казната за Габриел Жесус, репрезентативецот на Бразил, поради црвениот картон и бурната реакција при напуштањето на теренот во финалето на Копа Америка против Перу. Жесус ќе мора да одлежи суспензија од два месеци, а ќе плати и дополнителни 30.000 долари.

Членот на Манчестер сити беше еден од стрелците во финалето, но потоа заработи два жолти и исклучување од средбата на дваесетина минути до крајот. При излегувањето од теренот, Бразилецот со солзи во очите ги загуби нервите и удри во церадата каде што стоеше мониторот за ВАР-технологијата, па сега и тој како Лео Меси нема право на настап на следните квалификации за континенталниот собир на Јужна Америка.

Меси претходно доби суспензија од три месеци и парична казна од 50.000 долари.

- Оглас -

Најнови вести