33.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Кошаркарскиот суперагент на креативен начин го потврди ангажманот на Вајли во Будуќност

Џејкоб Вајли кариерата ја продолжува во Будуќност. Американецот со македонски пасош е трето засилување за актуелниот јадранскиот вицепрвак ова лето каде што ќе игра под водство на Александар Џикиќ, поранешниот селектор на Македонија.

Вајли пристигна како слободен играч по раскинувањето на соработката со Гран Канарија. Нашиот крилен центар остатокот од минатата сезона го доигра како појзамен во редовите на Сарагоса, каде што бележеше просек од 10,4 поени во 19 настапи.

Неговиот ангажман на доста креативен начин го потврди суперагентот Мишко Ражнатовиќ со објава на „Твитер“:

„Уште од времето на поранешна СФРЈ, во овој дел од годината граѓаните на Македонија се упатуваат кон својата омилена туристичка дестинација, Црна Гора“, се огласи Ражнатовиќ.

Пред Вајли, во Подгорица пристигнаа Един Атиќ и Марко Јагодиќ-Курижа, додека Џикиќ беше ангажиран за старо-нов тренер откако Дејан Милојевиќ тренерската кариера ја продолжи во НБА, каде што ќе биде асистент на Стив Кер во Голден стејт.

- Оглас -

Најнови вести