Крај на трагикомедијата – Гостивар и судиите го „нокаутираа“ Вардар кој сега само со чудо може да влезе во прва лига

Екипите на Гостивар и Вардар одиграа 2:1 во 22-то коло од втората фудбалска лига на Македонија и сега најтрофејниот тим само со чудо може да влезе во елитата.

Од „црвено-црните“ јасно е дека ќе следува уште една реакција по навистина смешното судење на судијата Илиоски Влатко и неговите помошници.

Вардар најпрвин поведе, а потоа кон крајот на средбата, како што пишавме, следеа неколку неверојатни одлуки на судиската тројка.

Се играше 96-та минута кога Гостивар го зададе комплетниот удар за најтрофејниот наш клуб, кој сега речиси и да нема шанси да влезе во прва лига откако Воска Спорт славеше на гостувањето кај Кадино со 2:1.

Вардар со овој пораз остана на 43 бода, додека Воска Спорт сега има 51 на пет кола кои што треба да се одиграат до самиот крај.

- Оглас -

Најнови вести