Куман со објаснување за поразот на Барселона: Ова не е фер

Барселона загуби од Рајо Вајекано со 1:0, што е трет пораз во 10-тото коло од шпанската лига и само со 15 бода е далеку од трката за титула во Примера. Каталонскиот гигант имаше многу шанси, но големите ѕвезди не успеаја да го совладаат македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, кој одбрани и пенал на Депај.

По мечот, тренерот на Барселона, Роналд Куман, изјави дека резултатот и поразот на Барселона не бил фер затоа што неговите играчи играле многу подобро.

„Освен во моментите кога го примивме голот, игравме многу добро. Го контролиравме противникот, создадовме многу шанси, но не успеавме да дадеме гол. Имаме играчи кои знаат како да постигнат погодок. Агуеро секогаш бил топ-стрелец, Депај дава по 15-20 гола во сезона и така е со години наназад. Кога ќе ги видам сите шанси, овој резултат не е фер“, рече Куман, кој на прашањето дали неговата работа во клубот е загрозена по овој пораз, кратко одговори „Не знам“.

- Оглас -

Најнови вести