Л’екип објасни зошто Роналдо е, а зошто Meси не е номиниран за Златната топка

Првпат по 16 години, рекордниот освојувач на Златни топки, Лионел Меси, не е номиниран меѓу 30-те фудбалери за најпрестижната индивидуална награда во фудбалот.

Кристијано Роналдо пак, се најде на листата, и тоа по рекорден 18-ти пат, по што јавноста го подели мислењето околу изборот на реномираниот француски медиум. „Л’eкип“ во меѓувреме даде логично објаснување зошто седумкратниот освојувач не во одбраното друштво.

Меси во дебитантската сезона во дресот на ПСЖ едноставно разочара, беше далеку од претпознатливото ниво, а воопшто не придонесе во клучни натпревари, како што беше случајот со елиминацијата од Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Во француското првенство имаше скромен учинок од шест погодоци, но намести 15 гола, односно вкупно запиша 11 гола и 15 асистенции во сите натпреварувања.

Што се однесува до Роналдо, ѕвездата на Манчестер јунајтед стана светски рекордер со најмногу голови на интернационално ниво во дресот на Португалија. Постигна шест гола во групната фаза од ЛШ за да го одведе Јунајтед во нокаут рундата, додека севкупниот учинок му беше 32 погодоци на 49 меча.

Статистиката говори сама по себе, очигледна е разликата во индивидуалниот учинок, но треба да се земе во предвид дека за разлика од Роналдо кој сезоната ја заврши без тимски трофеј, Меси со ПСЖ ја освои титулата во Франција.

- Оглас -

Најнови вести