Кошаркарите на Денвер нагетс во седмиот натпревар од четвртфиналето на Западната конференција го победија Лос Анџелес клиперс со 120-101 и се пласираа во полуфиналето на конференцијата.
Денвер нагетс имаа предност од 11 поени по првото полувреме, резултатот беше 58-47, која дополнително ја зголемија во третата четвртина и во последните 12 минути влегоа со позитива од 27 поени, 93-66.
Предноста ја задржаа до крајот на натпреварот и стигнаа до победа.
Најдобар кај Денвер беше Гордон со 22 поени, пет асистенции и четири скока, додека Браун додаде 21 поен со пет скока и четири асистенции. Никола Јокиќ го заврши натпреварот со 16 поени, колку што постигнаа и Мареј и Вестбрук, додека уште еден двоцифрен беше Портер со 15 поени и шест скока.
Јокиќ додаде и десет скока и осум асистенции, Мареј покрај поените имаше пет скока и две асистенции, а Вестбрук по пет скока и асистенции.
На другата страна, Леонард се истакна со 22 поени, пет скока и две асистенции, додека Браун додаде 13 поени и три асистенции. Богдановиќ и Џоунс постигнаа по 12 поени, а Ивица Зубац го заврши натпреварот со десет поени и 14 скока. Богдановиќ додаде три, а Џоунс два скока.
Денвер во полуфиналето на Западот ќе се соочи со Оклахома, која има предност на домашен терен, а првиот натпревар е закажан за вторник.