Лајпциг никако да тргне во одбрана на куп-пехарот, хулигани го изгореа тревникот на стадионот во Десау

Бранителот на пехарот во Германскиот куп, екипата на Лајпциг, по вторпат ќе мора да почека за старт на новиот циклус во ДФБ покалот откако непознати хулигани ја попариле тревата на стадионот во Десау, каде што домаќин ќе треба да биде Теутонија Отенсен.

Полицијата поведе и истрага за непознати сторители кои фрлиле хемиски средства на стадионот „Паул Грајф-Цу“, кој е неутрален терен за мечот меѓу Теутонија и Лајпциг во првото коло на Купот на Германија.

Тетонија игра на помал стадион со капацитет од 5.000 места на кој има тревник со вештачка трева, па не им беше дозволено да играа на него против Лајпциг.

Сент Паули ги одби четвртолигашите по молбата да го користат нивниот „Милернтор“ стадион, па беше одлучено да се игра во Десау, но сега по хулиганскиот атак со хемиски средства и таму не може да се игра мечот меѓу Теутонија и Лајпциг.

Дуелот е закажан за 30. август, а веројатно ќе се одложи и по вторпат, откако во првиот термин бундеслигашот играше во Суперкупот на Германија против Баерн Минхен и загуби со 3:5.

 

- Оглас -

Најнови вести