Лампард повеќе не е најефикасниот играч за врска во Англија

Бруно Фернандеш претрпи разочарување во поразот на Манчестер јунајтед од 2-4 против Ливерпул во најголемото англиско дерби, меѓутоа неговиот погодок за 1-0 беше рекорден во Англија кога станува збор за ефикасност на играчи за врска.

Имено, за Фернандеш тоа беше 28-ми погодок сезонава во сите натпреварувања, што е за еден гол повеќе од рекордот кој го држеше Френк Лампард од сезоната 2009/10, кога постигна вкупно 27 гола во сите конкуренции.

Португалецот сега е најефикасен играч за врска во Англија според учинок во една сезона, а што се однесува до головите во Премиер лигата, Фернандеш заостанува четири погодоци во однос на најдобриот учинок, кој исто така го држи Лампард од споменатата сезона 09/10 со 22 гола, со кои придонесе за Челзи да биде шампион.

- Оглас -

Најнови вести