Лаутаро Мартинес покажа „уметност“ како да не се даде гол од три метри на празна мрежа (Видео)

Лионел Меси имаше уште едно шоу во дресот на аргентинската репрезентација откако уште во првото полувреме постигна хет-трик на пријателскиот меч против Курасао. Аргентина победи со убедливи 7:0, а Меси ја надмина бројката од 100 погодоци во репрезентативниот дрес. Сега има 102 погодока и е само третиот фудбалер во историјата со троцифрен број голови во дресот со државниот грб.

Овој меч нема да се памети само по мајсториите на Меси, туку и по уникатното промашување на Лаутаро Мартинес. Голгетерот на Интер го имаше можеби најневеројатното промашување во кариерата откако во третата минута доби одлична топка од Меси и требаше само да погоди во празната мрежа од два-три метри, но Лаутаро успеа да промаши.

Аргентина

- Оглас -

Најнови вести