Лазаров е легенда над легендите – во четири различни декади дава голови на СП

Македонскиот репрезентативен ракометен капитен Кирил Лазаров со своите пет гола против Шведска постави нов рекорд во историјата, а тоа значи дека дава голови на светски првенства во дури четири различни декади.

Лазаров првиот гол на Мундијалите го даде во 1999 година, исто така во Египет. Тогаш Лазаров имаше 19 години. Потоа дојдоа десетте години од 2000 до 2010, а Лазаров даваше голови на СП во Хрватска во 2009. Следуваше нова декада и голови на Кире на првенствата во Шпанија 2013, Катар 2015, Франција 2017 и Германија и Данска во 2019 година, а еве сега и по 2020 година е стрелец.

Ова е нешто што тешко може да биде достигнато во блиска иднина. Сега Лазаров има 40 години, но исто како и на 19, не престанува да ги тресе противничките мрежи. За жал, Македонија вечерва беше убедливо поразена, па тоа фрла темна дамка во чувството на рекордерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести