Лазаров одбра 16 јунаци за подвиг против светските прваци (Фото)

Кирил Лазаров одбра 16 јунаци што треба да му се спротивстават на светскиот првак Данска, вечерва во Скопје од 20 часот. Новиот селектор на македонската репрезентација ќе дебитира на клупата, но и ќе биде во двојна улога и како капитен на теренот.

Одлучи да му даде шанса на дебитантот Игор Ѓорѓиев,кој има 20 години и на списокот со 16 играчи за мечот од третото квалификациско коло за настап на ЕП идната година.

Во составот е и Филип Миркуловски, кој се враќа по долга пауза, тука е и Дејан Манасков, кој не играше на Мундијалот во Египет поради повреда, а отпаднаа Серафимов, Мишевски, Димитриоски, Кизиќ, Аларов и Крстевски.

Кај гостите кои ќе допатуваат во Скопје на неколку часа пред натпреварот во составот е и главната ѕвезда, Микел Хансен, кој ја предводеше Данска до златниот медал на Светското првeнство во Египет што се играше во јануари годинава.

- Оглас -

Најнови вести