Леброн е на прагот да застане рамо до рамо со Меџик Џонсон

Леброн Џејмс со нов трипл-дабл учинок ноќеска ги предводеше Лејкерс до шестата последователна победа, односно трета по ред на исто толку гостувања. Во Чикаго Езерџиите славеа со 118:112, Кралот реализира 30 поени, 11 асистенции и 10 скока, што е негов трет троен учинок во низа.

Претходно Џејмс оствари трипл-дабл во победите на Лејкерс против Сан Антонио и Далас, а доколку запише уште една слична статистика во следниот меч против Мајами хит, Леброн ќе застане рамо до рамо со Меџик Џонсон како единствените играчи на славната франшиза кои успеале да остварат четири последователни тројни учиноци.

Легендата на вториот најтрофеен тим испиша историја во далечната 1987 година.

„Искрено, воопшто не ми е гајле за мојот учинок доколку екипата не победи. Тимот е многу поважен за мене отколку да набивам статистика“, порача Џејмс по триумфот над Биковите.

- Оглас -

Најнови вести