Леброн го побарал бројот на Ајзеа за да му се извини по инцидентот, НБА сè уште ги разгледува казните

Леброн Џејмс како ретко кога во својата кариера избувна во третата четвртина на мечот меѓу Детроит пистонс и Лос Анџелес лејкерс.

Популарниот „Крал“ во еден дуел го удри Ајзеа Стјуард, по што настана хаос на теренот, а и двајцата играчи беа исклучени.

Сепак, по финишот на средбата, американските медиуми пишуваат дека Леброн го побарал бројот на Ајзеа со цел да му упати извинување по ударот.

Сепак, сето тоа нема да влијае на намалување на казните за кошаркарите вмешани во инцидентот, а одлуката ќе биде позната утринава или, пак, во среда.

- Оглас -

Најнови вести