Леброн со воодушевување реагираше по неверојатната тројка на Дончиќ (Фото)

Тројката на Лука Дончиќ во последна секунда за победа на Далас против Мемфис предизвика лавина реакции, а на „Твитер“ се јави и Леброн Џејмс. Суперѕвездата на Лос Анџелес лејкерс и еден од најдобрите кошаркари во историјата низ богата кариера видел секакви потези на кошаркарските терени и не е лесно да го воодушевите. Овојпат и големиот Леброн му се поклони на Словенецот.

„Ау, ау, ау! Ајде бе Лука, ти човеку не си сериозен“, напиша Џејмс со додавање емотикони за плачење од смеење.

Инаку, во Далас за да го гледаат Дончиќ, од сојузната држава Илиноис допатуваа двајца фанови на Маверикс. Таткото и синот патуваа околу 1.000 километри и го погодија мечот. Видоа во живо еден потег кој ќе се раскажува, а притоа добија и потпишани патики од Лука. Веројатно нема посреќни луѓе од нив.

- Оглас -

Најнови вести