Легендарниот дефанзивец на Манчестер е бесен поради смешниот гол: Ќе одговара ли некој за ова!?

Рио Фердинанд цели 12 години беше столбот во одбраната на Манчестер јунајтед, период во кој на „Олд Трафорд“ пристигнаа голем број трофеи. Стоперот се радуваше на шест титули во Премиер лигата, шест во англиските купови и по еднаш во Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.

Во таа повеќе од една декада, Манчестер имаше тим за респект и од кој се плашеа многу ривали, што не е случај и со сегашниот тим на англискиот гигант.

„Головите што ги примивме… Ве молам кажете ми дека некој во соблекувалната ќе збесне поради ова и некој ќе преземе одговорност. Како само беше поставен тимот во ситуацијата кога го примивме првиот гол“, беше реакцијата на Фердинанд, постирајќи и фотографија од тој момент.

Првиот гол што Манчестер го прими на гостувањето кај Башакшехир многумина го искоментираа како погодок што може да се види само во детските лиги, кога сите играчи од една екипа тргнуваат во напад, а целосно забораваат на одбранбените задачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести