Лејкерс ќе го ангажира тепачот на демонстранти?

ЛА лејкерс размислува да го ангажира Џеј Ар Смит за финишот од сезоната како замена за Ејвери Бредли, кој одби да учествува во завршницата во Орландо.

Искусниот шутер изминатиов период тренирал со неколку играчи од редовите на Лејкерс и би требало да потпише краткорочен договор кој ќе му озвозможи да се бори за нова титула покрај Леброн Џејмс, откако двајцата освоија прстен како членови на Кливленд кавалирс во 2016 година.

Смит изминатиов период си наштети на репутацијата откако беше снимен како тепа еден демонстрант за време на протестите во Лос Анџелес, со оправдување дека му го скршил прозорецот од автомобилот.

Сезоната во НБА-лигата треба да продолжи на 30 јули по нов формат, односно 22 екипи ќе учествуваат во завршницата во забавниот комплекс „Светот на Дизни“ кој се наоѓа во Орландо.

- Оглас -

Најнови вести