Летното засилување на Бенфика јаде по 13 пати на ден

Украинскиот напаѓач Роман Јаремчук, кој летово со успех играше на ЕВРО 2020, даде гол и против Македонија, потпиша за Бенфика, па португалските медиуми направија интервју и со неговата сопруга Кристина за јавноста подобро да ги запознае животните навики на Роман.

Јаремчук за 17 милиони евра премина од белгискиот Гент во Бенфика и одлично се претстави кај Орлите од Лисабон со еден гол и асистенција на два меча.

„Тој јаде по 13 пати на ден и никогаш не му е доволно. Сака навечер да гледа „Нејшнел џиографик“, како и документарци за вселената и црните дупки. Денот му почнува со гледање вести, сака да гледа вести за политика и спорт“, вели сопругата на Јаремчук.

Инаку, Јаремчук во минатото има изјавено дека дома се зборува само украински и никогаш не би играл за руски клуб и дека омилен тим му е Наполи.

- Оглас -

Најнови вести