Лидс – Арсенал 0-0, ВАР – Арсенал 2-0

Лидс и Арсенал одиграа без голови, а домашните треба да бидат понезадоволни од овој исход, бидејќи пропуштија неколку зрели прилики, а и половина час беа со човек повеќе на терен. Езџан Алиоски беше една од клучните фигури кај Лидс, бидејќи врз него беше направен фаул, поточно удар со глава во глава, по што Николас Пепе беше исклучен.

Судијата Ентони Тејлор ја виде снимката на ВАР и веднаш покажа црвен картон. Во финишот имаше еден спорен момент, кога топката удри во лакт играч на Лидс додека беше во својот 16-ник, но овојпат во ВАР собата проценија дека нема пенал, иако сведоци сме дека и за помали допири на топката со рака се суделе пенали. Веројатно олеснителна околност беше што топката прво удри во ногата на играчот на Лидс, но факт е дека потоа го удри во рака и го смени правецот на движење.

Ова е спорниот момент за кој Топчиите бараа да им биде доделен пенал:

- Оглас -

Најнови вести