Лидс го делат 90 минути од финале во плејофот за влез во Премиер лигата

Лидс јунајтед со минималните 1-0 по гостувањето кај Дерби направи чекор кон финалето од разигрувањата за пласман во Премиер лигата. Познато е дека Марсело Бијелса не може да смета на македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски, кој поради повреда пред време ја заврши сезоната.

Сепак, останатите ја оправдаа довербата и запишаа клучна победа со погодокот на Руф во 55-тата минута.

Реваншот на „Еланд роуд“ е закажан за 15-ти мај(20:45 часот), а ден порано Астон вила и ВБА ќе го одиграат вториот полуфинален меч од плејофот. Астон вила е поблиску до финале по денешниот триумф од 2-1 на домашен терен.

- Оглас -

Најнови вести