Лигата на Европа им „легна“ на прогнозерите, неколку мајсторски тикети

Конечните исходи и бројот на голови кои паднаа на синоќешните средби од Лигата ан Европа им донесоа добивки на многу прогнозери во Sport Life, за еден од нив ве информиравме уште синоќа, но има и други мајсторски тикети со многу поголеми добивки од тој.

КОМБИНАЦИЈА ОД ДВОЈНА ШАНСА СО ГОЛОВИ ДОНЕСЕ ДОБИВКА ОД 171.582 ДЕНАРИ ВО ТЕТОВО

Во Тетово еден прогнозер со уплата од 1.000 денари, заработи 171.582 денари. Салцбург во 85-тата минута му донесе радост, до крај стравуваше Манчестер да не победи кај Бриж и Клуж против Севилја или Шахтар и Бенфика да не дадат четврти гол. По еден час игра, не се одвиваа работите како што сака и на дуелот Ренџерс – Брага, каде што гостите „не смееја“ да триумфираат, тие водеа со 2-0. Сепак, Шкотите направија пресврт, сите желби на тетовецот се исполнија и тој има добитен тикет.

СТРУЖАНЕЦ „НАМИРИСА“ КАДЕ ЌЕ ПОБЕДАТ ДОМАШНИТЕ, КАДЕ ГОСТИТЕ И ЗЕДЕ НАД 100.000 ДЕНАРИ

Еден прогнозер од Струга со 300 денари уплата, заработи 106.544 денари откако ги погоди исходите на осум меча од Лигата на Европа. Освен за мечот Клуж – Севилја, каде што е играно двојна шанса 1Х, сите други седум парови се фиксови и меѓу нив нема ниту еден икс, туку единици и двојки. Овој стружанец „намириса“ каде ќе победат домаќините, каде гостите, па неговиот тикет си заслужи место меѓу топ тикетите на денот.

ДА БЕШЕ ПОХРАБАР, ЌЕ ЗЕМЕШЕ 200 ИЛЈАДИ, ВАКА ПОГОДИ 11 ПАРОВИ И ЗАРАБОТИ ПОМАЛКУ ОД 100.000

На уплатно место на Sport Life во скопски Мичурин еден прогнозер вложи 70 денари на тикет на кој имаше 11 типови од средбите во Лигата на Европа. И погодени се сите 11 прогнози, но тикетот е системски, се бараа барем 10 погодоци за да не биде недобитен ако утне еден меч. Вака добивката е 97.114 денари, што е феноменално со оглед на сумата која е уплатена, но ако не беше 10 од 11, туку ако се бараа сите погодоци без задршка, добивката би била за 100 илјади поголема, поточно 197.098 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести