Лилард, Дурант, Тејтум, Лавин и Букер заедно 42, а Дончиќ сам 48 поени

Импресивната игра на Лука Дончиќ против Аргентина, кој на своето олимписко деби постигна дури 48 поени и дојде само на седум од историскиот рекорд на Оскар Шмит од 55 поени, потврди дека Словенецот е неверојатен кошаркар, а се отвори и прашањето каква одбрана се игра во НБА-лигата.

За Лука сеедно е дали игра во НБА или на некое меѓународно натпреварување, и таму и таму е беспрекорен, кошарката ја има во малиот прст, но многу од американските суперѕвезди кои без проблем даваат по 30-40 поени во најсилната лига, потфрлија против Франција.

Франција е поцврста екипа од Аргентина, играше силна одбрана, но оние 11 поени на Лилард, 10 на Дурант, 9 на Тејтум, 8 на Лавин и 4 на Букер се премалку за такви играчи. Не треба да се очекува секој од нив да даде над 30 поени на ист меч, тоа не е можно, но бројките им беа поразителни.

Од друга страна, Дончиќ доминира, има целосна слобода во тимот и со нетрпение ќе се чека неговиот следен настап.

- Оглас -

Најнови вести