Крш направија навивачите на Лион, ќе настрадаше најскапиот играч на Чеканите (Видео)

Навивачите на Лион направија лом на стадионот „Парк Олимпик Лион“ во протест против тренерот и играчите на екипата, а ќе настрадаше најскапиот играч на Вест хем, Деклан Рајс.

Симпатизерите на домашната екипа почнаа со протести и свирежи по третиот гол на англискиот тим, кој поведе со 3:0 во 48-мата минута и со тој резултат и победи.

Уривачкиот поход почна во последните моменти од реваншот, кога од трибините летаа тврди предмети он Деклан Рајс, кој излезе од игра во 90-тата минута.

Потоа домашните навивачи почнаа да кршат на трибините и се степаа со обезбедувањето и со полицијата.

Деклан Рајс, за среќа, не беше погоден и замина безбедно во соблекувалната, а Вест хем по победата од 3:0, со вкупен резултат 4:1 се пласира во полуфиналето во Лигата на Европа и ќе игра со Ајнтрахт Франкфурт.

Двомечот ќе почне на 28 април во Лондон, а реваншот е во Франкфурт на петти мај. Во истите термини во второто полуфинале во ЛЕ ќе играат Лајпциг и Глазгов ренџерс, прво во Германија, па во Шкотска.

- Оглас -

Најнови вести