Литванија без проблем против Полска, јасно е од кого треба да се плашиме в понеделник

Литванија ја победи Полска со 83-64 во дуел од квалификациската група за Евробаскетот 2025 во која е и македонската машка репрезентација.

Во двата состави се појавија и евролигашките кошаркари, а Литванија со играта во последните три четвртини потврди дека е фаворит број 1 во групата.

Македонија квалификациите ги почнува утре од 19 часот во Скопје против Естонија, додека три дена подоцна гостуваме кај Полска. Вечерва во полскиот тим се истакна Михал Соколовски со 26 поени. Главна поддршка за играчот на италијанскиот Наполи беа евролигашите Балчеровски од Панатинаикос и Понитка од Партизан.

- Оглас -

Најнови вести