Ливерпул исто како пред 30 години: Без пораз во 63 меча на „Енфилд“

Со победата од 2-1 над Вест хем, Ливерпул ја продолжи неверојатната серија од 63 лигашки меча без пораз на домашен терен (52 победи и 11 ремија). Вторпат им се случува на Црвените да бидат непоразени во 63 натпревари на „Енфилд“, екипата на Јирген Клоп го повтори учинокот од 1981 година.

Сепак, актуелниот англиски првак е далеку од апсолутниот рекорд кој го држи Челзи од 86 меча без пораз на домашен терен, серија на која ѝ дојде крајот во 2008 година.

Интересно е што серијата на Ливерпул од пред 30 години ја прекина Лестер точно по 63 натпревари со победа од 2-1 на „Енфилд“. Токму Лисиците се следните гости на шампионот според распоредот во Премиер лигата, па оваа слатка случајност може да биде повторување на историјата доколку избраниците на Брендан Роџерс го освојат црвениот дел од Мерсисајд.

Тој дуел од деветтотот коло во ПЛ е закажан за 21 ноември, по репрезентативната пауза, а пред тоа Ливерпул ќе треба да му гостува на Манчестер сити во дербито на осмото коло.

- Оглас -

Најнови вести