Ливерпул пукна „петарда“ против Хадерсфилд, но дали ќе биде залудно на крај?

Очекувано, без никакви изненадувања, Ливерпул стигна до убедлива победа против Хадерсфилд, во првиот меч од 36. коло во Премиер лигата. Домаќинот на „Енфилд Роуд“ победи со убедливи 5:0, а интересно е што „отпорот“ на гостите траеше само 15 секунди.

По првиот судиски свиреж, гостите згрешија, а Кеита го постигна најбрзиот погодок во историјата на Ливерпул, во Премиер лигата. Тоа беше само најава дека домаќините ќе стигнат до лесен и убедлив триумф. До крајот на првото полувреме погодија Мане и Салах за убедливи 3:0. Во второто полувреме уште по еден гол за двајцата напаѓачи и на крајот убедливи 5:0.

Салах на овој меч стана само третиот играч на Ливерпул во историјата, кој успеал две сезони по ред да даде 20+ погодоци. Претходно тоа им успевало на Роби Фауел (сезони 1994/95 и 1995/96), како и на Луис Суарес во сезоните 2012/13 и 2013/14.

Хадерсфилд го продолжи постот да неуспее да постигне гол во дуелите со Ливерпул. Овој „пост“ трае веќе девет меча, а последен пат Хадерсфилд погодил против Ливерпул на меч од втората лига одигран во далечната 1962 година, кога дуелот во април завршил 1:1.

По оваа победа, ливерпул повторно е лидер во Премиер лигата со 91 бодови, додека Манчестер сити остана на 89 бодови, но и меч помалку, што значи дека „граѓаните“ се во ситуација во која сами треба да си решат дали ќе ја одбранат титулата или ќе му ја препуштат на Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести