Ливерпул за 15 секунди му даде гол на Хадерсфилд (Видео)

Ливерпул се бори за титулата, а Хадерсфилд е закован на дното. Дуелот се игра на „Енфилд Роуд“, па веројатно епилогот е однапред познат. Сепак, ретко кој очекуваше дека Ливерпул ќе стигне во водство по само 15 секунди од судискиот свиреж за почеток на мечот.

Гостите згрешија, топката стигна до Салах, кој му асистираше на Кеита, а овој успеа да ја затресе мрежата на гостите по само 15 секунди игра.

https://youtu.be/yR5UsdBZ-Nk

Овој втор погодок даден во првите 20 секунди во Премиер лигата во последниве неколку денови. Шејн Лонг од Саутемптон постави рекорд во лигата кога даде гол по само 7,7 секунди на гостувањето кај Ватфорд.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1 КОМЕНТАР

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести